
Владата ќе издвои 2.9 милиони евра за да купи и адаптира деловен простор во Брисел, во кој ќе биде сместено седиштето на Мисијата на Република Македонија при НАТО, одлучиле владините министри на денешната 163 седница.
Се предвидува со тие пари да се купи имот од 996,37м2 (878,10м2 нето) на административните простории, за паркингот и за реализација на градежните работи на адаптација.