Австриски офицер обвинет за шпионажа во полза на Русија

AP Photo / Kerstin Joensson

Обвинителството на Салцбург обвини поранешен полковник на австриската армија за шпионажа во полза на Русија, се наведува во соопштението од петокот.

Обвинението е подигнато по истрагата на австриската агенција за заштита на уставот и борба против тероризмот при полициската управа на Салцбург.

„Канцеларијата на обвинителството во Салцбург поденсе обвинение против 71-годишен пензиониран полковник на австриските вооружени сили“, се вели во соопштението во кое се додава дека обвинението се заснова на информации за отворање банкарски сметки на обвинетиот, проучување на запленети носачи на информации и разговори со сведоци. Самиот обвинет одбивал да даде изјава, се додава.

Според обвинителството, поранешниот полковник најмалку 25 години се занимавал со разузнавачки активности за руското воено разузнавање ГРУ, при што предавал државни и воени тајни на австриската држава.

„Според обвинението, полковникот шпионирал за руското воено разузнавање од 1993 година и на својот офицер водач му предавал информации за воениот спектар на австриските воени сили, особено за системите и задачите на копнените и воздухопловните сили“, се наведува во соопштението на австриското обвинителство.

Доколку биде прогласен виновен, на офицерот му се заканува десетгодишна затворска казна. Полковникот бил притворен од крајот на ноември 2018-та, поради стравување на истрагата дека може да го повтори делото. Според неговиот адвокат, обвинетиот офицер чие име не се соопштува, не се смета виновен и тврди дека не предавал никакви државни тајни,

Пораншениот австрски канцелар Себастијан Курц минатиот номеври изјави дека пензиониран полковник е осомничен за шпионски активности во полза на Русија, кои ги вршел во периодот од 1992 до 2018 година. Претседателот Александер Ван дер Белен тогаш порача дека случајот не треба да се драматизира, по што Курц рече дека Виена одржува дијалог со Москва, но оти сомневањата и случаите на руско шпионирање секогаш ќе бидат критикувани.

Австриските власти минатата 2018 година објавија дека истражуваат пензиониран полковник на австриската војска кој е осомничен дека повеќе од две децении предавал доверливи информации за воздухопловните сили, арилериските системи, за високи функционери и мигрантската криза, за што добил 300.000 евра.

Во последниот период односите меѓу Австрија и Русија се заладени, особено откако австриското министерство за внатрешни работи објави потерница по Русинот Игор Зајцев, кој е осомничен за тајни активности во полза на руската Глава разузнавачка управа (ГРУ). Според Виена, 65-годишниот Зајцев е офицер на ГРУ, кој ја раководел мрежата локални агенти. Осомничен е дека го регрутитрал сега обвинетиот австриски полковник, со кого првпат се сретнал во 1987 година кога го убедил да му предава државнии воени тајни и дека со

Руското министерство за надворешни работи претходно минатиот месец ги опиша како „нафрлања“ австриските обвинувања за руска шпионажа во случајот на Зајцев, и порача дека „не гледа смисла од комнетар“.