Атлетико изби на третото место во Ла Лига

Фудбалерите на Атлетико Мадрид се позиционираа на третото место од шпанската фудбалска лига, откако во неделата вечерта во рамките на 13-то коло дома го победија Еспањол со 3:1.

Атлетик до победата дојде со пресврт, бидејќи гостите поведоа во 38 минута преку Серхи Дидиер. Во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме израмни Анхел Кореа, водството на домаќините им го донесе Алваро Мората во 58 минута, додека конечните 3:1 ги постави Коке во првата минута од судиското продолжение на мечот.

Атлетико сега е трет со 24 бодови, бод помалку од водечките Барселона и Реал ко иимаат и натпревар помалку. Еспањол, пак, е претпоследен 19-ти со осум бодови, пет помалку од позицијата која гарантира опстанок во лигата.

Во првиот неделен меч Мајорка со 3:1 дома славеше над Виљареал во меч кој го одбележаа ударите од белата точка. Мајорка поведе со реализираниот пенал на Лаго Жуниор во 13 минута, а десет минути подоцна од 11 метри прецизен беше Даниел Родригез Васкез. Гостите израмнија, исто така, од пенал преку Санти Казорла во 49 минута, но само по четири минути Кубо Такефуса го постави конечниот резултат.

Мајорка со победата дојде до 14 бодови и се извлече на 16-та позиција, а Вињареал е 11-ти со 18 бодови.

Атлетик Билбао со пресврт во второто полувреме ги освои бодовите пред своите навивачи, бидејќи гостинскиот Леванте поведе во последените мокенти од првиот дел со голот на Серхио Постиго. Потоа за Баските погодија Икер Миуниаин во 57 и Андр Капа во 88 минута, а Леванте е 12-ти со 17 бодови.

Атлетик со 20 бодови е на шестата позиција, последната која води во европските купови.

Хетафе и Осасуна ги поделија бодовите одигрувајќи без голови. Хетафе пропушти можност со победа да напредува на табелата и остана седми со 20 бодови, а Осасуна е десетта со 19 бодови.

Во последниот натпревар во неделата, во градското дерби Севилја како гостин со 2:1 славеше над Реал Бетис. Севилја поведе во 13 минуа преку Луакс Окампос, а Бетис израмни во 45-та со погодокот на Лоренцо Жезус Морон Гарсија. Сепак, бодовите му припаднаа на пославниот градски ривал за кој стрелец во 55 минута беше Лук де Јонг.

Севилја сега е четврта со ист број бодови со третиот Атлетико Мадрид, значи бод зад Барселона и Реал, а бод пред Реал Сосиеада. Бетис, пак, со 13 бодови е 17-ти, место над опасната зона.