Детектор: Мнозинството граѓани живееле подобро пред пет години отколку денес

Речиси две третини од граѓаните не можат да си покријат месечните трошоци со своите примања,покажува последното истражување на јавното мислење кое за потребите на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 65,5% од анкетираните граѓани рекле дека месечните приходи не и се доволни за да ги покријат сите трошоци во месецот. 29,1% од граѓаните имаат доволно средства за цел месец додека 5,4% немаат одговор. Прашани дали живеат подобро сега, или пред 5 години, 33,5% од граѓаните велат дека порано живееле подобро, додека 32,3% не гледаат никаква разлика. 23,7% од анкетираните велат дека сега живеат подобро отколку пред 5 години.

Меѓу 70 и 100 проценти од своите трошоци во месецот можат да покријат 44,6% од граѓаните.

41,4% имаат доволно средства за да покријат меѓу 40 и 60 проценти од своите месечни трошоци, додека 7,1% граѓани покриваат најмногу до 30% од трошоците со своите месечни примања.

Во споредба со претходната анкета која за Детектор ИПИС ја спроведе во јуни годинава, значително е намален бројот на граѓани кои со своите месечни примања можат целосно да си ги покријат месечните трошоци со своите месечни примања. Од 22,1% во јуни, бројот на граѓани кои заработуваат доволно за да ги покријат своите трошоци се намалил на 12,6%.