Заев: Балканот се менува кон подобро место за живеење

Лидерите на Македонија , Србија и Албанија , премиерот во заминување Зоран Заев , претседателот Александар Вучиќ и премиерот Еди Рама на заедничка прес конференција во Охрид ја објаснија потребата од донесувањето на т.н. ,,мал Шенген” со кој ќе се овозможи отворен проток на луѓе и стока низ целиот регион без големи административни процедури.

„Србија, Северна Македонија и Албанија имаат иницијатива со која ги канат останатите шест земји да пристапат. Балканот се менува, кон подобро место за живеење и позначаен фактор на цел европски континент. Акцискиот план предвидува нон-стоп работење на граници, со лична карта движење низ регионот, брзи траки на камиони, со конечна цел голема мобилност на капиталот, стоките“, рече Заев.