
Во Охрид започна работниот дел од состанокот на лидерите на Западен Балкан, на кој претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев, Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама ќе ја презентираат вчера утврдената декларација со листа на приоритети и мерки за подобрување на регионалната соработка и за остварување на заедничката цел, членство во ЕУ, пред Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ и министерката за економија на Црна Гора Драгица Секулиќ.
На денешната програма на состанокот на лидерите на земјите од Западен Балкан се наоѓа и пленарна сесија со претставници на Европската Унија, на Советот за регионална соработка, на Светската Банка, на Европската банка за обнова и развој, на Европската инвестициска банка, по што ќе се одржи и заедничка прес- конференција.