
Властите прогласија вонредна состојба по должината на голем дел на источниот брег на Австралија во понеделникот, а населението во високо ризичните области е повикано на евакуација поради претстојните „катастрофални“ пожари.
Во шумските пожари кои ги пустошат сојузните држави Нов Јужен Велс и Квинсленд загинаа три лица, а уништени се повеќе од 150 домови. Властите очекуваат неповолните временски услови, високите температури и воздухот и ветерот во вторник ќе достигнат невидени нивоа. Шумските пожари се честа и смртоносна закана во текот на жешките и суви лета во Австралија, но моменталното избувнување на пожарите изненади многумина.
„Сите мораат да бидат претпазливи, без оглед каде се наоѓаат и сите треба да ги претпостават најлошото. Не можеме да си дозволиме опуштање“, изјави премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Берејиклан.
Во Сиднеј, најнаселениот австралиски град во земјата со повеќе од пет милиони жители, прогласена е „катастрофална опасност од пожари“ за вторник. Се очекуваат температури од 37 Целзиусови степени во комбинација со силни ветрови, кои може да создадат смртоносни услови.
„Утре акцентот е на заштитата на животите, имотите и осигурување на што поголема безбедноста за сите“, рече Берејиклиан.
Властите истакнуваат дека дури ни објектите отпорни на оган нема да можат да ги издржат катастрофалните услови, а во вторник ќе бидат затворени повеќе од сто училишта. Пожарите имаат веќе погубно влијание на дивите животни во Австралија. Се стравува дека околу 350 коали настрадале.