(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Катастрофа во Венеција, погодена од најголемата поплава по половина век

2019.ANSA/ANDREA MEROLA

Градоначланикот на Венеција, Луиџи Бруњаро, во средата прогласи вонредна состајна откако е забележано второто највисоко ниво на морето откако постојат мерењата во италијанскиот бисер на Јадранот, при што се поплавени историската базилика, а многу плоштади и улички се под вода.

Бруњаро зборуваше за „катастрофа“, и ги мобилизираше сите итни служби, бидејќи нивото на морето во вторникот ноќта достигна 187 сантиметри. Во средата утрото нивото на плимниот бран падна на 145 сантиметри, во 11 чаост изнесуваше 130 сантиметри, но се очекува дека во текот на денот ќе порасне на 160 сантиметри.

Гувернерот на регионот Венето, Лука Ѕаја го опиша како „апокалиптично“ пустошењето на Венеција, а штетата ја оцени како „неверојатна и застрашувачка“.

На Палестрина, островот кој го дели јужниот венециски залив од Јадранското Море, настрадал 78-годишен маж. Го усмтрила стрка откако водата допрела во неговиот дом и предизвикала краток-спој, покажува прелиминарната истрага. На истиот остров во свој дом е пронајдена и втората жртва, најверојатно настрадана од истата причина.

„Состојбата е драматична, Бараме од владата да ни помогне. Трошоците ќе бидат високи. Тоа е резултат на климатските промени“, напиша на Twitter Бруњаро.

Плоштадот на свети Марко е под вода длабока еден метар, а Базиликата на свети Марко, исто така, е погодена од поплавата. Налетите од силниот ветер предизвикаа и проблеми со електричната енергија, поради што избувнале и пожари. Меѓу нив и во палатата Ка-Пезаро, изградена во XVIII вен на Гранд-канале. Исто така, горела и една зграда на острово Лидо, пренесуваат локалните медиуми.

Најголемите поплави во Венеција во поново време се регистрирани во 1966 година кога плимниот бран достигнал 194 сантиметри. Тогаш бил поплавен и голем дел од Фиренца.