Загина прилепчанец во сообраќајка на патот Македонски Брод – Прилеп

Вчера во 16.40 часот на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, околу еден километар после село Ропотово, патничко моторно возило „опел астра“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(66) од Прилеп, излетало од патот.

На местото на несреќата починал сопатникот В.Т.(71) од Прилеп, додека возачот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.