„Тиквешки лозаро-овоштари“ бараат дополнителна субвенција од 5 денари

Лозарите од здружението „Тиквешки лозаро-овоштари“ не се задоволни од висината на дополнителната субвенција од два денари по килограм предадено грозје. Велат дека со тоа нема да ја покријат загубата. Годината била сушна, а цените од винариите биле смешни, па затоа побараа Владата да прогласи елеметарна непогода.

Дополнителни субвенции да не се даваат по килограм, туку според површина лозов насад, вели Стојчев. Ова е поради лозарите со лозја без систем за наводнување, чиј род нема ниту количина, ниту квалитет. Тврдат дека цената на грозјето веќе 30 години е иста.

Пред два дена, во дебатната емисија Отворено на ТВ 24, посветена на состојбите во земјоделието, министерот Трајан Димковски ја најави висината на дополнителната субвенција од два денари по килограм грозје. Тој ги убедуваше лозарите дека математиката што ја прават не им е точна, бидејќи во откупната цена не ги калкулирале и субвенциите.

Сепак, лозарите од здружението „Тиквешки лозаро-овоштари“ не отстапуваат од своите барања, гарантирани минимални цени и субвенции, ставање во функција на водостопанствата и инсталирање системи за наводнување на сушните региони, донесување Закон за грозје и укинување на акцизата за домашна ракија, до влезот на земјава во Европската унија.