Белата куќа објави транскрипт од уште еден разговор меѓу Трамп и Зеленски

Белата куќа го објави во петокот, додека во Конгресот траеше сослушувањето во рамките на процедурата за истрагата за отповикување на Доналд Трамп, кус транскрипт од првиот телефонски разговор на американскиот претседател и украинскиот штотуку избран претседател Владимир Зеленски.

Овој кус и едноставен разговор се разликува од оној меѓу двајцата претседатели од 25-ти јули кога Трамп зборувал со Зеленски за можноста да биде истражена улогата на поранешниот американски потпретседател Џо Бајден во однос на прекинувањето на истрагата за корупција во компанија во чие водство бил неговиот син Хантер Бајден. Токму врз основа на тој разговор од кој транскрипт веќе објави Белата куќа, демократите ја покренаа постпаката за истрага за отповикување на претседателот.

Во моментот додека поранешната американска амбасадорка во Украина, Мари Јованович, беше на сослушува во истрагата за импичментот, Белата куќа го објави транскриптот од раговорот, кој всушност бил првиот телефонски разговор меѓу двајцата челници, кој се одвивал на 21-ви април.

Без да ја споменува американсата политика, Трамп му честитал на Зеленски и рекол дека „има многу пријатели во Украина кои го познаваат и ценат Зеленски и кои ја очекувале неговата победа“. „Кога ќе стапите на должнсота и ќе бидете подготвени, би сакал да ве поканам во Белата куќа“, рекол Трамп.

Според сведочењата на неколку функционери, овој повик подоцна во Вашингтон ја оцениле како награда за украинскиот челник во аменза отворање на истрагата за корупција поврзана со поранешниот потпретседател Џо Бајден и негвоиот син Хантер, кој станал член на управниот одбор на најголемата приватна украинска енергетска компанија „Burisma“ со плата од 50.000 долари месечно иако ништо не знаел ниту за енергијата, ниту за Украина, а во моментот кога неговиот татко станал првиот човек во Вашингтон задолжен за Украина.

Подоцна Бајден се фалел дека го уценил тогашниот украински претседател Петро Порошенко дека на Украина ќе ѝ ја ускрати американската воена помош доколку не го смени главниот државен обвинител кој ја истражувал корупцијата во „Burisma“. Украинскиот претседател неуспешно го поканил американскиот на својата инаугурација и му ветил дека ќе го подобри својат англиски пред нивната средба.

Демократите тврдат дека Трамп ја злоупотребил претседателската должнсота за своја политичка пола барајќи од Киев да го истражи Бајден, кој е веројатен негов противкандидат на претседателските избори во ноември 2020 година. Трамп рече дека разговорот од 25-ти јули бил „совршен“ и го обвини свиркачот дека е активист на Демократската партија. Зеленски, исто така, негира дека врз него бил вршен притисок.