
Бизнисменот Орце Камчев, кој е осомничен во случајот „Империја“ и кој го иницираше случајот „Рекет“, поднел кривична пријава против поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, против нејзиниот син и против обвинителката Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“.
Според поднесокот во пријавата, Камчев ја обвинува Јанева дека создала група во која наводно членувале нејзиниот син и обвинителката Стефанова, за, како што било наведено, да се здобијат со имотна корист и да го оштетат Камчев.
Стефанова продолжи да го води случајот „Империја“ и откако предметите на СЈО потпаднаа под надлежност на ОЈО. Јанева е второосомничена во случајот „Рекет“, за кој наскоро треба да почне судење.