Најмалку 27 загинати од громови во пакистанската пустина

Најмалку 27 лица загинаа од удари на гром на неколку локации во јужниот дел на пустинската област на Пакистан за време на обилни врнежи од дожд, соопштија локалните власти. „Властите испратија екипи за спасување во пустината Тар во провинцијата Синд по трагедијата што се случи синоќа“, изјави портпаролот на провинциската влада, Саид Гани.

Неколку десетици луѓе беа повредени и однесени во болница, додаде тој, кои добиле повреди од удари на громови и уривање на куќите поради дождот.