Околу 7.000 Грци се возеле во јавен превоз без билет минатиот месец

Контролорите од градскиот превоз во Атина минатиот месец напишале казни за 6.911 лица кои користеле, метро, автобус, тролејбус или трамвај, без билет.
Според податоците што ги објави грчката новинска агенција АНА-МПА, во текот на октомври биле спроведени 340.958 контроли и биле напишани 6.911 казни, бројка што е за 6,5 отсто поголема во однос на месец септември, кога и контролите биле за 34 проценти помали.
Целта на зголемените контроли е да се намали бројот на лица кои без билет го користат јавниот превоз, а според АНА-МПА, секоја година се создава „црна дупка“ од повеќе милиони евра во приходот на компаниите.
Процените се дека во автобусите и тролејбусите, само еден од 20 патници купува билет.