Бостон до десеттата победа во низа, победи во последните секунди на Мемфис, Лејкерс и Шарлот

Кошаркарите на Бостон Селтик ноќта кон саботата ја постигнаа десеттата победа во серија, откако на гости со 105:100 ги совладаа Голден Стејт Вориорс.

Џејсон Тејтум беше најдобра играч на натпреварот со 24 коша, додејка Браун додаде 22 поени. Алекс Баркс беше најдобр кај Голден Стејт со 20 коша. Ова беше шестиот последователен пораз на Вариорс.

Мемфис Гризлис за половина кош со 107:106 на домашен терен беа подобри од Јута Џез. За Мемфис, на кои ова им е трета победа по ред, најпрецизен беше „рукито“ Џа Морант со 25 коша и осум асистенции, а го постигна и решавачкиот кош за победата на домашните. Најдобар поединец кај поразените беше Донован Мичел со 29 коша.

Шарлот Хорнетс, исто така, дома со 109:106 ги победија Детроит Пистонс благодарејќи на „тројката“ на Малик Монк со звукот на сирената за крајот на мечот. Ленгстон Галовеј со „тројка“ на 50 секунди до крајот ги доведе Пистонс во водсто, а Вилијамс израмни на 23 секунди пред крајот. Монк и Тери Розиер ги предводеа Шарлот со по 19 коша, додека кај поразените најдобар беше Галовеј со 32 коша.

Оклахома Сити Тандерс дома со 127:119 по продолженијата славеа над Филаделфија 76ерс, а Данило Галинари во победата за својата екипа постигна 28 коша, додека Крис Пол ги следеше со 27 поени. Галинари постигна пет коша во серијата на Оклахома од 24:1 на почетокот од продолжетоците. Џоел Ембиид во поразот на Филаделфија постигна 31 кош и 12 скокови.

Лос Анџелес Лејкерс, исто така, дома со 99:97 беа подобри од Сакраменто Кингс, а понедата им ја обезбеди Ентони Дејвис кој го блокираше полагањето на Харисон Барнс на 2,3 секунди пред крајот. Леброн Џејмс постигна 29 коша со 11 асистенции за Лејкерс за кои ова е десеттата победа во последните 11 натпревари.

Орландо Меџикс со 111:109 ги победија гостите Сан Антониот Спарс, а Еван Фурние погоди две „тројки“ во последните две и пол минути за победата на својот тим. Тој на крајот впиша 26 поени, додека кај Спарс најдобар беше Демар Дерозен со 21 кош.

Хјустон Рокитс со 111:102 ги надиграа Индијана Пејсерс предводени од Џејмс Харден кој постигна 44 коша со осум скокови. Хјустон беа во заостанување од 88:86 на средината од третата четвртина, а потоа Харден постигна 12 поени со ред и ги доведе Рокетс во водство.

Вашингтон Визардс на гости со 137:116 беа подобри од Минесота Тимберволфс, а Бредли Бил постигна 44 поени за победата на гостите.

РЕЗУЛТАТИ

Шарлот Хорнетс – Детроит Пистонс 109:106
Орландо Меџик – Сан Антонио Спарс 111:109
Хјустон ракети – Индијана Пејсерс 111:102
Мемфис Гризлис – Јута џез 107:106
Минесота Тимберволфс – Вашингтон Визардс 116:137
Оклахома Сити Тандерс – Филаделфија 76ers 127:119 (продолженија)
Голден Стејт Вориорс – Бостон Селтикс 100:105
Лос Анџелес Лејкерс – Сакраменто Кингс 99:97

ПЛАСМАН

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА

1. Бостон 10 1 .909 –
2. Торонто 8 3 .727 2
3. Филаделфија 7 5 .583 3 1/2
4. Бруклин 4 7 .364 6
5. Њујорк 3 9 .250 7 1/2

ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА

1. Милвоки 8 3 .727 –
2. Индијана 7 5 .583 1 1/2
3. Кливленд 4 7 .364 4
4. Чикаго 4 8 .333 4 1/2
5. Детроит 4 9 .308 5

 

ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА

1. Мајами 8 3 .727 –
2. Шарлот 5 7 .417 3 1/2
3. Орландо 5 7 .417 3 1/2
4. Атланта 4 7 .364 4
5. Вашингтон 3 7 .300 4 1/2

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

1. Денвер 8 3 .727 –
2. Јута 8 4 .667 0 1/2
3. Минесота 7 5 .583 1 1/2
4. Оклахома Сити 5 7 .417 3 1/2
5. Портланд 4 8 .333 4 1/2

ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА

1. ЛА Лејкерс 10 2 .833 –
2. Феникс 7 4 .636 2 1/2
3. ЛА Клиперс 7 5 .583 3
4. Сакраменто 4 7 .364 5 1/2
5. Голден Стејт 2 11 .154 8 1/2

ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

1. Хјустон 9 3 .750 –
2. Далас 6 5 .545 2 1/2
3. Мемфис 5 7 .417 4
4. Сан Антонио 5 7 .417 4
5. Њу Орлеанс 3 8 .273 5 1/2