
Утринава во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се донесени четири лица кои се здобиле со повреди во фабриката „Макстил“.
Засега е познато дека еден од нив е во животна опасност и е префрлен на КАРИЛ, додека останатите најверојатно се здобиле со телесни повреди меѓутоа се прават испитувања за да се утврди точниот карактер на повредите. Сите имаат повреди од изгореници, објави Алсат.
Настанот се случил околу 6.50 часот кога ливна јама од 100 тона, полна со стопен метал се откинала и паднала. Од падот се ослободило стопеното железо кое веднаш предизвикало пожар и ги повредило четворицата работници кои биле во непосредна близина.