
Поради проблеми со срцето, српскиот претседател, Александар Вучиќ, доцна синоќа е примен на Воено-медицинската академија во Белград, соопшти Генералниот секретаријат на Претседателот на Србија.
Веста ја објавија рано утрината српските медиуми.
Српската јавност е известена за здравствените проблеми на хипер-активниот Вучиќ само со една реченица.
Нема детали за неговата моментална состојба и дали здравствените проблеми се сериозни или се работи за замор.