
Тетовчани утрово дишат најзагаден воздух
Граѓаните на Тетово утринава дишат најзагаден воздух во целата земја.
Воздухот е високо загаден, покажуваат податоците од мерните станици на Министерството за животна средина.
Делови од Скопје и Куманово се средно загадени, а сите други градови се во подобра состојба.
Инаку, на наair visual утрово Скопје е 25-от најзагаден град во светот, а вчера беше на 11-то место.
Завчера, пак, најзагадени беа Ново Лисиче од скопските населби, потоа Струмица и Тетово.