
Репрезентативките на Атлетска Федерација на Македонија, Весна Кираџиева и Андријана Поп Арсова, викендов во Белград на Балканското првенство во маратон, во склоп на Србија маратон беа втори во екипен пласман/жени, со што на Македонија и донесоа сребро!
Андријана Поп Арсова беше трета на Балканското во поединечна конкуренција и четврта севкупно, додека Кираџиева се пласираше како седма и десетта во севкупна конкуренција. Марјан Бонев беше претставник кај мажите и влезе во топ десет, пласирајќи се на десетата позиција.
Кираџиева е поранешна рекордерка во маратон и шесткратна шампионка на Македонија во маратон, додека Поп Арсова е актуелна рекордерка и два пати шампонка на Македонија во маратон.