
Играчот од средниот ред на репрезентацијата на Хрватска и Реал Мадрид, Лука Модриќ, вчеравечер во Загреб ја промовира автобиографија „Мојата игра“.
На презентацијата учествуваа директорот на Реал Мадрид, Емилио Бутрагењо, соиграчот Марсело, неговиот партнер во националниот тим Матео Ковачиќ и поранешниот селектор на хрватската репрезентација Славен Билиќ.
Триесет и четиригодишниот фудбалер е вице-првак во светот во 2018 година со хрватската репрезентација, четирикратен победник во Лигата на шампионите и клупското светско првенство со Реал Мадрид, како и носител на „Златната топка 2018“.