
Владата денеска го усвои Предлог-законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој и Светска банка во висина од 70 милиони евра кои ќе бидат наменети за поврзување на локални патишта.
Заемот ќе биде искористен за рехабилитација, реконструкција и надградба на локални патишта и улици во вкупна должина до 450 километри во 80 општини. Целта е да се обезбеди подобра безбедност и зголемување на достапноста на транспортната мрежа на локално ниво.