
„СДСМ и Зоран Заев за три години успеаја да ја задолжат државата до ниво јавниот долг да изнесува 5,4 милијарди евра. Не поминува недела без задолжување, а граѓаните немаат ништо од тоа. Нивото на капитални инвестиции за две третини од годината не надминува една третина од годишно планираните, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
-Никаде ги нема новите 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта, ниту пак 1100 километри локални патишта, кои ги вети Зоран Заев и СДСМ. Економијата е на стаклени нозе. Доказ за тоа е и падот на продажбата на земјоделските производи за 8.9%. Во пад е секоја гранка од економијата. Затоа се полни автобусите и аеродромите со млади со карти во еден правец.
Младите размислуваат само како да ја напуштат државата. Апатијата која владее во општеството е создадена од СДСМ и Зоран Заев. СДСМ и Зоран Заев мора да си заминат, за Македонија да тргне напред. На 12 април Македонија ќе избере обнова“, се вели во партиското соопштение.