
Жена возач е повредена во сообраќајна несреќа која утринава околу 9 часот се случила на автопатот Тетово-Скопје, информираше во вторникот портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Во непосредна близина на Добарски натпатник, патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 39-годишната Б.В. од Скопје, изгубило контрола, излетало од коловоз и удрило во бетонски столб, вели Јосифоски.
Возачот на возилото Б.В. пренесена е во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.
На местото на излетувањето увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.