Сондленд вели дека ги слушал наредбите на Трамп во врска со Украина

Американскиот дипломат амбасадор на САД во ЕУ, Гордон Сондленд, кој е клучен сведок во истрагата за отповикување на претседателот Доналд Трамп, изјави во средата дека работел со личниот адвокат на претседателот Рудолф Џулијани на прашањата кои се однесувале на Украина, бидејќи тоа му го наредил претседателот, потврдувајќи го директното учество на Трамп во прашањето за односот кон Украина, кој доведе до процесот за покренување импичмент.

Сондленд на сослушувањето во Конгресот рекол дека поранешниот њујоршки градоначалник Рудолф Џулијани се обидувал да го наговори украинскиот претседател Владимир Зеленски да ја покрене истрагата за поранешниот американски потпретседател Џо Бајден и неговата улога на главен човек на САД за Украина, нудејќи му како противуслуга посета на Белата куќа.

Сондленд, кој е богат готелски претприемач и донатор во кампањата на Трамп, рекол дека американскиот државен секретар Мајк Помпео бил свесен за тоа и дека „потполно ги поддржуваше“ нивните напори во поглед на Украина.

Сондленд сведочеше пред пред Комитетот за разузнавачки служби на Претставничкиот дом. Ова беше четврти ден од јавните сослушувања во споменатата истрага. Свдочеше дека Трамп, нему и на уште двајца високи функционери им наредил да работат со Џулијани, кој одби да соработува во истрагата за отповикување.

„Не сакавме да работиме со г-дин Џулијани. Едноставно кажано, игравме со картите кои ги добивме. Сите сфаќавме дека, доколку одбиеме да работиме со Џулијани, ќе изгубиме важна можност да ги зацврстиме односите меѓу САД и Украина. Па ги послушавме наредбите на претседателот“, рекол Содленд.