
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Загреб на Конгресот на Европската народна партија се сретна потпретседателот на Европската народна партија и доскорешниот претседател на Европскиот парламент Антонио Тајани, со поранешната европарламентарка Маријана Петир, како и со Катја Леикерт од групата ЦДУ ЦСУ.
„Во Загреб имав средба со потпретседателот на Европската народна партија и доскорешниот претседател на Европскиот парламент Антонио Тајани, со пријателот на Македонија и голем поддржувач, поранешната европарламентарка Маријана Петир, како и со Катја Леикерт од групата ЦДУ ЦСУ. Разговаравме за актуелните проблеми во Македонија, проблемот со криминалот, корумпираното судство, и стагнацијата на реформите. Побарав поддршка и продлабочена соработка која ќе донесе напредок на европските интеграции. Македонија мора да се издигне над ниските страсти на власта, нејзините лоши политики и популизмот кој е покритие на нивната нервоза поради престојниот пораз“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил.
https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/photos/a.1385412911634164/1385419198300202/?type=3&theater