(ВИДЕО) На антиисламски протест во Норвешка запален Коранот

Водачот на групацијата против „исламизацијата“ на Норвешка беше нападнат од неколкумина мажи, откако на собирот запали копија од муслиманската света книга Коранот, при што интервенирала полицијата.

Протестот кој се одржувал во организација на движењето Стоп за исламизацијате на Норвешка (SIAN) во градот Кристикансан станал насилен, откако водачот на групата, Ларс Торсен, откако се спротиставил на полициската наредба протви палењето на Куранот. Собирот бил одобрен од локалните власти, но полицијата ги предупредила припадниците на SIAN да не се уништува примерок од светата книга, откако претходно било најавено.

Две копиии од Куранот биле фрлени во контејнер за отпадоците во текот на настанот, додека Торсен запалил уште еден примерок. Ваквите потези ги разгневиле контра-демонстрантите, кои ја прескокнале заштитната ограда и го нападнале водачот на SIAN.

Видеото објавено на социјалните мрежи покажува како Торсен го пали Коранот, како и нападот врз него. Поради инцидентот, полицијата ги привела и Торсен и неговиот противник.

Лидерите на муслиманите во Норвешка соопштија дека планираат дека ќе поднесат обвинение за злосторство од омраза против SIAN поради палењето на примероците на Корано, како и за вербален напад.

Норвешките медиуми пишуваат дека Торсен е позната по политичките контроверзии. Ноедамна бил осуден на 30 дена и парична казна поради дистрибуција на памфлети во Осло, во кој ги обвинувал муслиманите дека се „озлогласени сексуални предатори“ кои „силуваат во епидемиски размери“.

https://www.facebook.com/RTnews/videos/543998219716061/