За БМВ, Фолскваген и Дајмлер казна од 100 милиони евра  

Aerial view of BMW World, BMW Museum and BMW Tower from The Olympic Tower in Munich, Germany
Германските антимонополски власти ги казнија водечките домашни производители на автомобили – БМВ, Фолксваген и Дајмлер вкупно 100 милиони евра за картелско спојување за потребите за набавка на производи од челик.

Од 2004 до 2013 година, овие производители на автомобили редовно се состануваа со производителите на челик и други компании во синџирот на снабдување за да преговараат за еднаков износ на надокнадата за набавната цена на челикот, соопшти Канцеларијата за сузбивање на картелски активности.

Нелегалните цени што произлегуваат од картелското договарање, се исплатени до 2016 година, се додава во соопштението.

Германските компании за автомобили ги прифатија казните, пренесува Ројтерс.Од БМВ соопштија дека ќе платат казна од 28 милиони евра, а портпаролката на Дајмлер изјави дека компанијата ќе мора да плати 23,5 милиони евра.

Ова значи дека речиси половина од вкупно изречените казни, или 48,5 милиони евра, ќе треба да плати најголемиот германски производител – Фолксваген. Компанијата одби да ја коментира висината на казната, но го поздрави завршувањето на истрагата.

Антимонополскиот регулатор соопшти дека набавната цена на производите од челик на кои картелот влијаел, а кои се користат за производство на вратила, запчаници и шипки за системот за управување, чинат помалку од еден процент од крајната вредност на автомобилот.