
Словенечкото чудо од дете одигра нецели 29 минути, во кои постигна 30 поени со 14 асистенции и седум скока, со што стана најмлад кошаркар во НБА кој на три меча по ред имал учинот од 30 и повеќе поени односно 10 и повеќе асистенции. Ова воедно беше четврти триумф по ред за „маверикс“, кои дефинитивно се наметнуваат тим со плејоф-амбиции, додека „коњаниците“ го претрпеа шестиот пораз во низа, за најава на уште една разочарувачка сезона.
Најинтересниот и секако највозбудлив меч се одигра во Лос Анџелес, каде што Клиперс во драматичен финиш го совлада Хјустон рокитс (122-199), а најзаслужен за тоа беше Кави Ленард, со победничкиот кош на 15 секунди до крајот за преземање на водството од 120-119. Расел Вестбрук потоа имаше отворен шут за тројка и за победа, но не успеа да погоди, со што се урнаа сите надежи на „ракетите“ за триумф во дербито.
https://twitter.com/NBA/status/1198122175057866752?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1198122175057866752&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fkosharka%2Fnba%2Fsamo-neboto-mu-e-limit-ludiot-donchikj-urna-ushte-eden-rekord-vo-nba-video
Ленард со 24 поени беше најпрецизен во победничкиот тим, додека Пол Џорџ постигна 19 поени со осум скока и седум асистенции. Џејмс Харден реализира 37 поени со 12 асистенции и осум скока. Двете екипи сега имаат скор 11-5 и се меѓу четирите најдобри во својата конференција.
Екипата на ЛА лејкерс, пак, го задржа врвот на Западот и тоа со триумфот на гостувањето кај Оклахома сити тандерс (130-127), меч во кој блескаше Антонио Дејвис со 33 поени, додека веднаш зад него беше Леброн Џејмс со 23 поени. За „езерџиите“ ова беше 13. победа сезонава, во која засега имаат само два порази.
Кошаркарите на Мајами хит и понатаму се хит на Истокот и со ноќешниот триумф над Чикаго булс (116-108) го задржаа второто место на табелата со скор 11-3.
РЕЗУЛТАТИ: Детроит-Атланта 128-103, Вашингтон Шарлот 125-118, Бруклин-Сакраменто 116-97, Чикаго-Мајами 108-116, Оклахома-ЛА Лејкерс 127-130, Филаделфија-С. Антонио 115-104, Далас-Кливленд 143-101, Денвер-Бостон 96-92, Јута-Г. Стејт 113-109, ЛА клиперс-Хјустон 122-119.