
Д.Б. (32) од Прилеп рано утрово пред пекара на булеварот „Јане Сандански“ бил приведен откако поради недоразбирање физички го нападнал А.А. (32) од Бугарија.
При полициската интервенција, Д.Б., очигледно во алкохолизирана состојба, нападнал и еден од полицајците.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.