
Од вечерва на полноќ бензините ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 ќе се точат по повисоки цени за 0,5 денари за литар. Еден килограм ќе чини 68.50, односно 70.50 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на Еуродизелот се намали за 1 денар и литар ќе се продава за 61 денари.
Одлуката на регулаторното тело стапува на сила на полноќ и ќе трае до следниот понеделник.