
Легендарната советска шпионка Гоар Вартанијан починала на 93-годишна возраст, соопшти во понеделникот руската Служба за внатрешно разузнавање (СВР), устакнувајќи дека Вартанијан дала голем придонес во „добивањето информации неопходни за осигурување на националните интереси и безбедноста на земјата“.
„Замина од животот личност којашто ни беше блиска на сите нам“, се додава во објавата на руското контраразузнавање во врска со смртта на повеќекратно одликуваната советска шпионка.
Гоар Вартанијан е родена на 25-ти јануари 1926 година во ерменскиот град Ленинакан (Гјумри). Во почетокот од 1930-те години со семеството се преселила во Иран.
На 16-годишна возраст влегла во антифашистичката група на нејзиниот иден сопруг и соборец – Геворк Ватранијан, со кого извршувала активни разузнавачки задачи во зложени услови во Иран. Во 1943 година била вклучена во операцијата за осигурување на безбедноста на Техеранската конференција, кога бил спречен обид за атентат на специјалните служби на германскиот нацистички челник Адолф Хитлер врз челниците на ткн „Голема тројка“ – Сталин, Рузвелт и Черчил воден под шифрата „Скок во далечина“.
Во 2007 година, Левоновна Вартанијан во Москва се сретнала со вниката на британскиот воен министер Винстон Черчил, Селија Сандис, која изразила желба да се сретне со советскиот агент кој го спречил атентатот врз нејзиниот дедо.
Во 1951 година сопрузите Вартанијан биле вратени во тогашниот СССР, а во 1956 година дипломирале на Еревантскиот институт за странски јазици. Тоа било проследено со долгогодишна и во екстремни услови во многу земји во светот дејност на шпионската двојка Гоар и Геворк Вартанијан, кои биле активни под оперативните псевдоними „Анита“ и „Анри“.
Во 1986 година, по три децении тајна работа во странство, шпионската двојка се враќа во татковината. Никогаш не е се објавени земјите во кои оперирале сопружниците Вартанијан. Според експертите, резултатите од нивната разузнавачка активност се толку значајни, што никогаш нема да бидат декласифицирани.