ФОТО/ВИДЕО: Заев знаел за скандалот на „Шверцери“, настанот бил јавно објавен уште пред неколку денови

Секој вандалски чин е за осудување, тука нема дилеми. Мене ми кажаа дека има и втор дел, а намерата била за млади луѓе. Но, испадна дека второт дел не била баш културна манифестација. Мора да има одговорност за кршење на инвентарот и мора да се надоместат штетите, истакна премиерот во заминување Зоран Заев во однос на дивеењето на членови на навивачката грипа „Шверцери“ во Македонскиот народен Театар.

На социјалната мрежа „Фејсбук“, пак, уште минатата недела јавно била најавена прославата на навивачката група „Шверцери“ во објектот на МНТ.

НетПрес од извори во МВР дознава дека полицијата во однос на најавениот настан, си ги презела сите неопходни мерки. Била веднаш подготвена специјалната единица ЕБР, и тоа под полна опрема за справување на евентуални инциденти. Ангажирани биле околу 150 специјалци. Исто така, нашите извори велат дека биле направени и тимови од триесетина припадници на единицата „Алфа“.

Дента, на 22 ноември, за кога бил закажан настанот во МНТ, сите ангажирани полицајци биле испратени на позиции уште во 16.30 часот, а наредбата била таму да останат до 24.00 вечерта. Полициските тимови биле засилени со придружба од две оклопни возила, а сите полицајци биле задолжени со хемиски средства за разбивање на групи кои вршат нарушување на јавниот ред и мир.

Оттука се отвора прашањето дали постои координација меѓу МВР и владата во однос на ваков тип настани, или пак премиерот Заев не ја кажува вистината за инцидентот?

Инаку, денеска, на новинарските екипи не им беше дозволено да влезат во МНТ и да ги снимат штетите направени во објектот.

https://www.facebook.com/ekonomskilider/videos/792998894462658/