
Марчело Липи се повлече од функцијата тренер на кинеската фудбалска репрезентација, откако загуби со 1:2 од Сирија во квалификациите за Светскиот куп во Азија.
Ова е прв пораз за тимот од групата А, оставајќи го пет бода зад истиот противник на средина од циклусот.
„Бевме надиграни и заслужено победија. Јас ја преземам целата одговорност за тоа што се случи и официјално си давам оставка. Кога ќе стапнат на теренот, играчите треба да даваат се од себе. Ако се плашат или не се мотивирани, ако не покажуваат волја и храброст, нема да можат да го исполнат планот на теренот. Тоа е моја одговорност“, додаде светскиот шампион за 2006 година со Италија