
Тринаесет фрацнуски војници загинаа во пад на два хеликоптера во понеделникот ноќта во текот на борбите против џихадистите во Мали во најголемата поединечна загуна за Франција од почетокот на интервенцијата на нејзината војска во регионот во 2013 година, објави во вторникот кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.
Франција со 4.500 војници се обидува да го задуши усламистичкиот буунт во регионот Сахел каде што последните години пораснаа насилставата на милитантите кои се поврзани со Ал Каеда и Исламската држава.
„Претседателот со голема тага ја потврдува веста за смртта на 13 француски војници во Мали на 25-ти ноември во несреќа на два хеликоптера во текот мисија против џихадстите“, објаво Елисејскиот дворец.
Милитантите дејствуваат во централно и северно Мали, како база за напади врз претежно пустинското и полупустинско подрачје.