
На Античкиот театар во Охрид денеска е поставена спомен-плоча во чест на познатиот македонски писател и драматург Горан Стефановски.
Спомен-плочата е изработена по повод годишнината од смртта на Стефановски кој почина на денешен датум минатата година.
Од Лајонс-клубот „Лихнидос“ што беше иницијатор на поставувањето на плочата за сеќавање на големиот Стефановски, соопштија дека за откривањето била планирана и соодветна свечена церемонија, но тоа е откажано во знак на почит кон загинатите и повредените во земјотресот во соседна Албанија.