Астана ги освои првите бодови против Манчестер Јунајтед

Екипата на Астана го освои првите бодови сезонава во Лигата на Европа, и тоа не против боло кој – туку против Манчестер Јунајтед.

Иако „Црвените ѓаволи“ поведоа уште во 10. минута преку Џеси Лингард, сепак, во вториот дел тимот од Казахстан пред своите гледачи успеа да направи целосен пресврт и да дојде до првата победа, воедно и први бодови во групата. Стрелци на двата погодока за домаќините беа Дмитри Шомко во 55. и Дајшон Бернард (автогол) во 62. минута.

Инаку, гостите имаа голема можност да поведат и со 0-2, но фудбалерот на Јунајтед промаши од неверојатна позиција.

Инаку, менаџерот на Јунајтед за овој натпревар не сметаше на стандардните првотимци и им даде целосна доверма на младинците, кои очигледно не ја искористија на најдобар можен начин.

Инаку, се одиграа двата предвидени натпревара во групата „Ц“, во кои Краснодар славеше над веќе пласираниот Базел со 1-0, додека Гетафе запиша победа на гостувањето против Трабзонспор со 0-1. Во последното коло Гетаге ќе го пречека рускиот тим, дуел кој ќе го одреди вториот патник во нокаут фазата во Лигата на Европа.