
Драган Данев е новиот командир на Полициска станица-Штип. Оваа одлука денеска ја донесоа мнозинството советници во Советот на Општина Штип. Претседателот на Советот на Општина Штип, Јане Миланов истакна дека денеска се донесоа и неколку важни одлуки, како што е Програмата за прироритетни проекти за 2020 година, која ќе стане составен дел од буџетот за 2020 година.
Советниците на денешнава седница изгаласаа и одлука за одбележување на патрониот празник на Штип, а тоа е на 19 декември – Свети Никола, додека програмата за Новогодишните празници ќе чини околу 400.000 денари.
-Во оваа програма е опфатено украсување на градот, како и активностите за одбележување на Новогодишните празници, вклучувајќи ги и оние награди, ваучери за дежурните лица во Полициска, Противпожарна станица, Итна помош, потоа за новороденчето, така што планираната сума се движи околу 400.000 денари, вели Миланов.
На денешната седница на Советот на Општина Штип се дебатираше и за извештаите на Јавното претпријатие „Стипион“, а беа дадени и согласности за учество на општината во проекти.