Германија догодина во НАТО ќе плати на ниво на САД, кои планираат да ги скусат давачките

Почнувајќи од следната 2021 година Германија ќе уплаќа придонес во вкупниот буџет на НАТО на ниво на САД, а за измените во распределбата на товарот се договориле 29-те членки на Алијансата, пренесе во средата агенцијата DPA, повикувајќи се на свои извори.

Според договорот, од 2021 година уделот на САД во вкупните трошоци ќе се намали од 22,1 на 16,35 отсто, додека партиципацијата на Германија ќе се зголеми на 16,35 од сегашните 14,8 проценти.

Средставата од заедничкиот буџет одат, меѓу другото и за одржувањето на седиштето во Брисел и за командните места на Алијансата. Дел од средствата, пак, се обезбедуват за инвестиции во развојот на заедничката инфраструктура на блокот.

Истовремено со оваа информација, телевизијата CNN во средата објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп има намера да го намали износот на уплати во буџетот на Северноатлантската алијанса.

Според извори на телевизијата од Пентагон и НАТО, до неодамна околу 22 отсто од буџетот на Алијансата го обезбедувал Вашингтон, а според договорот и желбите на администрацијата на Трамп таа бројка ќе се намали на околу 16 отсто.

Еден од соговорниците истакнал дека САД овие заштеди ќе ги насочат на финасирање на голем број безбедносни проекти во Европа. Меѓу нов се програмите за поддршка на Украина и Грузија. Според CNN, другите членки на НАТО изразиле подготвеноста да го надоместат дефицитот кој ќе се јави по намалувањето на срествата кои ги осигуруваат САД.

Телевизијата забележува дека овој потег на Вашингтон е симболичен, бидејќи буџетот на НАТО, кој изнесива 2,5 милијарди долари не ги одразува сите воени расходи на државите членки. Од овој буџет, посебно се издвојуваат средства за сервисирањето на седиштетот на Алијансата, за извршување одредени операции, во форма на заеднички инвестиции во одбанбениот сектор, како и за други потреби.

Во прилогот се дава коментар на претставник на НАТО, кој истакнува дека земјите членки „се согласиле на новата формула за споделување на расходите“. Според новите правила, придонесот во буџетот на Алијансата од страна на европските земји и Канада ќе биде зголемен, а ќе биде намален уделот на САД, како што претходно објави DPA. Според CNN, соодветните договори биле постигнати уште минатата седмица.

Трамп во неколку наврати ги критикуваше земјите на НАТО затоа што, според него, не трошеле доволно пари за поддршка на колективната одбрана на Алијансата. Шефот на Белата куќа бараше од сите земји членки на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на 2 отсто од БДП што е можно поскоро. За време на говорот на самитот на Алијансата минатата година, тој предложи таквите земји не само да ја исполнат оваа обврска, туку и да ги зголемат овие расходи на 4 отсто од БДП-то.