
Вработените во Државниот завод за ревизија апелираат до политичарите да најдат решение и да се избере главен ревизор зашто без него инстититуцијата е целосно блокирана. Им висат 43 ревизорските извештаи, кои не може да бидат комплетно завршени без потпис од главниот ревизор, а под знак прашање е и контролата на трошењето на јавните пари и за следната година.
Вработените не зеле плата, а се плашат и дека ќе останат без струја и вода. Имаат доспеан долг за плаѓање од речиси 20 илјади евра. Се одлучија јавно да прозборат пред камерите, зашто, велат независноста на институцијата е доведена под прашање.
„Бараме да работиме. Ова е пораката до сите надлежни. Нашата улога и функција ја знаете, вршење на контрола на јавните буџетски средства. На парите кои се наши пари, на даночниците, ние го контролираме тоа. Веќе се најавени парламентарни избори, согласно Изборниот законик, изборите не може да се одржат ако нема ревизија на парите потрошени во изборната кампања.“ – вели Мијалче Дургутов.
Дел од ревизорите се сретнале со Талат Џафери и ресорната комисија во Собранието каде се понудило времено решение, потписник на сметката да биде вработен од финансискиот сектор во Заводот, но тој нема да може да ги потшишува и ревизорските извештаи.
„Тоа е само еден дел од решавањето на нашата агонија. Ние како професионалнци во оваа институција им благодариме на таа сугестија, но тоа нема да ги реши сите наши проблеми, бидејќи и понатаму ќе бидеме блокирани во делот на спроведувањето на ревизиите.“ – вели Бранисла Гучев, ДРЗ.
ДЗР е без директор повеќе од 2 гдоини, а на заменик директорот му истече мандатаот пред месец и половина. Конскурсот за прв ревизор беше распишан уште пред две години, но политичарите не можат да се договорот кого да изберат. За оваа позиција, битката се води и меѓу опозицијата и власта, но и меѓу ДУИ и СДСМ.