Верижен судир на автопатот Неготино-Градско, возилата се пренасочуваат по стариот пат

Сообраќајот на автопатот Неготино-Градско е во прекин од 15 часот попладнево поради сообраќајна незгода.

Автомотосојузот на Македонија соопшти дека поради незгодата сообраќајот се пренасочува по стариот регионален пат.