
Рекреативно тартанска, кружна патека, во должина од 534 метри, денеска беше промовирана во Градски парк. Патеката се наоѓа во вториот дел на паркот, во близина на малото езерце. Патеката, како што рече градоначалникот Петре Шилегов, ќе им послужи на вљубениците во трчањето, но и за одржување тренинзи на сите кои се подготвуваат за Скопскиот маратон.
– Ако граѓаните покажат интерес за патеката, Градот е со план иста ваква патека да направи и околу големото езеро во Градскиот парк. Оваа стаза се наоѓа на атрактивна површина, на еден од најубавите делови од паркот. Внимававме на тоа граѓаните да можат оваа стаза да ја користат и во ноќните часови, затоа целата е осветлена, рече Шилегов.
Тој ги повика граѓаните да ја користат оваа патека, но и останатите јавни површини кои Град Скопје ги гради, а кои се наменети за јавно добро.