
Англискиот фудбалски великан Арсенал го смени во петокот, откако во четвртокот вечерта во мечот од Европската лига со 1:2 беше поразен од Ајнтрахт, тренерот Унаи Емери.
Фреди Љунберг ќе го преземе водењето на тимот, објави Арсенал на својата веб-страница.
„Одлуката е донесена врз основа на резултатите и реализацијата кои не беа на очекуваното ниво. Го замоливме Фреди Љумберг да ја преземе одговорноста за водење на првиот тим како приврмен тренер. Тој ја ужива нашата целосна доверба“, се наведува во соопштението на клубот.
Веќе синоќа по натпреварот, кога само продолжи најдолгата низа на Арсенал без победа уште до 2012 година, беше јасно дека прашање на часови е заминувањето на Емери од „Емирејтс“, бидејќи беше проследен со исвиркување од навивачите меѓу кои некои држеа таписи „Emery Out“.
Шпанецот дојде во Арсенал во мај 2018 година, откако ја напушти клупата на Пари Сен Жермен со кој ја освои титулата во францускиот шампионат. На клупата на Арсеначл го замени Арсен Венгер кој тимот го водеше 22 години.
Арсенал минатата сезона под водство на Емери стаса до финалето на Европската лига, но во финалето беше поразен со 1:4 од лондонскиот ривал Челзи.