
Општината Ѓорче Петров фаворизирајќи ја Aгенцијата за привремени вработувања „Арбеит Де “Скопје незаконски склучила договор во износ од 6.500.000 денари (каде во тендерската документација се побарани високи критериуми спротивни на законот за јавни набавки,(https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/10c5fa36-afbe-46f4-8685-8fe9841a53b7, посочуваат извори за „Нетпрес“.
„Имено, на 17.10 .2108 година се објавува тендерска постапка за привремени вработувања со истите барања и услови како претходните но овој пат е обжалена од агенцијата Анторис, доказ :
http://reshenija.dkzjn.gov.mk/Attachments/09-722-6-2018.pdf
-Со тоа се нанасени битни повреди на одредбите на Законот за јавни набавки предвидени во член 210 став1 алинеја 3. Договорниот орган во случајов општината Ѓорче Петров изготвил тендерски документации кои не се во согласност со овој Закон и довеле до дискриминација на економските оператори и ограничување на пазарната конкуренција. Општината за докажување на економско финансиската способност побарала услов кој е спротивен на член 150 став 1 од Законот за јавни набавки, а во точка 2.5.1 за исполнување на техничко професионалната способност предвидела услов – референтан листа на склучени договори во кои ќе се ангажираат над 500 отстапени работници, за секој месец поединечно,услов кој е дискриминаторен и е спротивен на член 2 од Законот за јавните набавки“, вели нашиот извор.
„Со оглед на наведеното, Државната комисија за жалби по јавните набавки ја прифатила жалбата на „Анторис“ како основана и одлучила да ја уважи жалбата и да се поништи целокупната постапка. На ваков начин градоначалникот Наумовски фаворизирал фирми, не ги почитувал законските прописи и неосновано исклучил од игра фирми понудувачи, вметнувајќи услов кој е спротивен од Законот за приватните агенции за вработување. Фирмата „Анторис“ токму овој услов го посочила како најспорен, каде со лиценца А која ја поседувала можела да конкурира и со нула договори, а не како што побарала општината во тендерската документација.
-Ова укажува на фактот дека општина Ѓорче Петров склучува договори со Агенции за привремени вработувања кои ги исполнуваат желбите на градоначалникот и истите ги набавува на незаконски начин. Имено, во буџетот на општината за 2018 година биле предвидени 6.500.000 денари, а општината распишувала тендери кои го надминувале износот предвиден за ставката привремени вработувања.
На почеток на годинава, во пресрет на претседателките избори, објавени се два тендера за привремени вработувања, едно по друго, во износ од 13.490.000 денари и во споредба со изминатите години станува збор за највисока сума предвидена за ваков тип на вработувања. Имено, со горенаведените дејствија градоначалникот сторил кривично дело казниво по чл.353 ст.5 од КЗ , односно презел дејствија на штета на буџетот на РМ.
„Ова е нов бран на партиски војници што ја зафати општинската администрација во Ѓорче Петров, која стана синоним за вдомување на лица блиски до градоначалникот . Во споредба, со владеењето на претходниот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, овие средства не го надминувале износот од 6.500.000 денари во 2017 година. Дилемата што се отвора е, зошто Наумовски двојно повеќе ги зголемува средствата за привремени вработувања споредбено со изминатите години како и спорните и очигледни фаворизирања на Агенцијата за вработување која работи по негови желби и нарачки. Животот што го ветуваше Наумовски во предизборната кампања дојде, но само за одбраните и партиски кадри на СДСМ“, додава нашиот извор.