Ужас во Црна Гора: Келнерка убила 18- годишно момче

Разија Дачиќ

Јавноста во Црна Гора е згозена од злосторство кое се случи вчера во Подгорица, откако 42- годишна келнерка со нож во срце прободе 18- годишно момче.

Таа е веднаш приведена и одреден и е притвор од 72 часа, а според пријавеното, момчето во болница го донела баш таа.

На првото сослушување Разија Дачиќ тврдела дека Вујадиновиќ сам си ги нанел повредеите, односно дека сaкал да изврши самоубиство, но подоцна признала дека таа го прободела со нож.

Веднаш по апсењето полицијата соопштиле дека таа и претходно била осудувана, а во 1999 година била обвинета за предизвикување на пожар во кој настрадала нејзината едномесечна ќерка и едногодишната ќерка на нејзината пријателка.

Тогаш таа заработила 8 години казна затвор.

Како 18- годишното момче се нашло во нејзиниот стан и како е извршено делото точно, засега не се знае.

Според медиумите постојат и очевидци на крвавата драма, после која момчето скоро без никакви витални функции е донесен во болница. Кардиолозите се обидувале да го зашијат срцето, но не успеале, а момчето на крајот искрварело до смрт поради тешките повреди.