Кина забранува користење на вештачката интелигенција за креирање лажни вести

Кинеските власти имаат намера да воведат нови прописи со коишто се забранува употребата на вештачката интелигенција и технологиите за виртуелна стварбост за создавање аудовизуелни содржини коишто потпаѓаат под дефиницијата лажни вести, се наведува во текстот на веб-страницата на Канцеларијата за контрола на кибернетичкиот простор на Кина.

Новите правила ќе стапат на сила на 1-ви јануари 2020 година, и тие забрануваат користење на најновите технологии за креирање, дистрибуција и емитување лажни вести, и ќе се применуваат како за давателите на услугите на аудио и видеоинформациите, така и за корисниците.

Се истакнува дека лицата и организациите вклучени во производството и дистрибуцијата на измислените содржини со употреба на вештачка интелигенција или технологиите за виртуелна стварност, секогаш треба да истакнат дека производот не е вистините вест.

Сите даватели на аудио-визуелни информации, како и медиумите и медиумските платформи кои имаат мобилни апликации, како и другите информативни сервиси кои во својата работа користат аудио и видео-материјали, треба да ја внимателно да ја простојат веродостојноста пред објавувањето, а доколку лажните вести се откријат по објавувањето треба веднаш да се избришат или да се означат како неверодостојни и за тоа да се информираат соодветени регулатори.

Прекршувањето на прописите ќе се смета за кривчно дело, но властите сѐ уште не прецизираат кои мерки за ограничување ќе се применуваат за евентуалните сторители.

Кинеската администрација, исто така, истакнува дека создавањето лажни вести со помош на најновите технологии може да претставува закана за националната безбедност и да ги нарушува правата и на поединците и на организации.