
Дваесетгодишно момче од кавадаречкото село Возарци го загубило животот во саботата рано утрото, откако со својот автомобил излетал од коловозот на регионалнит пат
Во кавадаречката полициа утрово во 4 часот било пријавено дека на регионалниот пат Дреново – Кавадарци, патничко моторно возило „форд фокус“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот Х.М. од селото Возарци излетало од патот.
Од здобиените повреди возачот починал на местото на настанот. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.