
Научниците создадоа модели кои го имитираат развојот на популацијата на неандерталците и дошле до заклучокот дека не биле потребни дополнителни фактори за да се објасни исчезнување на оваа гранка од родот Homo, односно дека неандерталците можеле да исчезнат од едноставни демографски причини, се наведува во студијата објавена во стручното списание PLOS ONE.
Неандерталците исчезнале пред околу 40 илјади години, приближно кога анатомски современите луѓе започнале да мигрираат од Африка кон Блискиот исток и во Европа. Се смета дека вторите биле поприспособливи и поуспешно им конкурирале на неандерталците во борбата за ресурсите. Покрај тоа, климатските промени ги принудиле неандерталците да ги напуштат северните региони во Европа и да мигрираат кон југ и југоисток, во областите кои веќе биле зафатени од модерните луѓе.
Холандските научници предводени од Крист Ваесен од Технолошкиот универзитет во Ајндховен, теоретски докажале дека не е неопходно да се вклучи конкурентноста од современите луѓе како главен аргумент за да се објасни исчезнувањето на популацијата на неандерталците.
Резултатите од генетските истражувања укажуваат дека бројот на неандерталците пред доаѓањето на современите луѓе во Европа бил многу мал, не надминувал 4.000 лица. Притоа, тие биле поделени во многу мали групи кои живееле оддалечени едни од други.
Авторите на студијата разработиле популациски модели за да го симулираат развојот на неандерталската популација од 50, 100, 500, 1.000 или 5.000 лица во период од над десет илјади години. Како пример за групно и семејно однесување, научниците ги користеле современите мали изолирани групи на ловци-собирачи.
Резултатите покажале дека дегенарацијата во толку малите популации е доволен внатрешен демографски фактор, како што се ингебрирањето, односно вкрстувањето на блиските сродници, ефектот Али односно намалување на стапката на преживување на лицата при намалувањето на бројноста на популацијата и влијанието на годишните случајни флуктуации во наталитетот, морталитетот и односите меѓу половите.
Притоа ингебрирањето се јавува како одлучувачки фактор за дегенерацијата на најмалата популација, ефектот Али е веќе способен да предизвика исчезнување кај популацијата до 1.000 единки, а двата фактора во комбинацијата со случајните демографски флуктуации целосно може да биде причина за намалувањето на популацијата од неколку илјади лица. Но авторите не го зеле предвид моделот на притисокот од тогашните современи луѓе, што може дополнително да го засили факторите на ингебрирањето и ефектот Али.
Авторите сметаат дека исчезнувањето на неандерталците било поврзано само со малубројноста на нивната популација. Дури и доколку биле идентични со модерните луѓе во своите когнитивни, социјални и куртулорошки одлуки, па дури и во отсуство на конкуренцијата меѓу видовите, неандерталците неизбежно би се соочиле со ризикот од изумирање.