Победи на Лион, Лил и Монпелје

Францускиот фудбалци вицешампион Лил во средбата од 15-то коло од Ле Шамионат во саботата го победи Дижон зо 1:0, Лион на гостувањето го совлада Стразбур со 2:1, а Монмелје со 4:2 славеше над Амјен.

Победничкиот погодок за Лил во мечот игран на стадионот „Стад Пјер-Мороа“ го постигна голманот Виктор Осимен од пенал во шестата минута од судиското продолжение на првото полувреме.

Лион во Стразбур ја постигна втората последователна победа, и четвртата во последните пет кола. Домашните поведоа во 22 минута со голот на Јусиф Фофан, но гостите во продолжението направија целосен пресврт со головите на Гнали Корне во 40 и Џеф Рејне-Аделаид во 75 минута.

Ница го победи Анжер со 1:1, Ремс и Бордо ремизираа со резултат 1:1, со истиот резултат заврши и дуелот меѓу Нимс и Мец, а во петокот Марсеј со 2:1 го победи Брест.

Водечкиот ПСЖ во недела гостува кај Монако, а на распоредот се уште два меча: Нант – Тулуз и Рен – Сен Етјен.

ПСЖ води со 33 бодови, Марсеј е втор со 28 бодови, додека Анжер е трет со 24 бодови. Монпелје и Бордо имаат по 23 бода, а Лион, Сен-Етјен и Лил по 22 бодови.