Најмалку 22 загинати во несреќа на туристички автобус во Тунис

Дваесет и две лица ги загубија животите, а уште 21 човек е повреден во сообраќајна несреќа на туристички автобус во Тинис, соопшти тамошното министерство за внатрешни работи во неделата.

Според податоците на властите, со автобусот кој се превртел пробивајќи ја металната ограда и паднал во јаз крај патот, се превезувале вкупно 43 лица.

Автобусот припаѓал на приватна туристичка агенција која соопшти дека сообраќал на линијата од главниот град Тунис кон градот Аин Дарахим, а трагедијата се случила во близина на градот Аин ал-Сенуши, во провинцијата Беџа на северот од земјата.

Планинската област Аин Драхам е туристичка дестинација, која се наоѓа во близина на границата со Алжир.

Според Светска здравствена организација (СЗО), Тунис е на второ место, зад Либија во северна Африка, по бројот на сообраќајни несреќи