Ограбен уште еден музеј во Германија

Засега непознати лица провалиле во музејот на Штази во Берлин каде може да се види историјатот на поранешната тајна полиција на некогашната комунистичка Источна Германија, соопштија властите во неделата, само неколку дена по големиот грабеж на музеј во Дрезден.

Крадците во Берлин влегле низ прозорец, „скршиле неколку витрини и однели медали и накит“, се наведува во соопштението на полциијата. Побегнале без да бидат попречени од никого.

Непознато е кога точно се случил грабежнот, но вработен во музејот во неделата утрото ги нашил демолираните витрини во изложбениот салон.

Оваа кражба се случила само неколку дена по грабежот во музејот познат како Зелената ризница во Дрезден, исто така, во источна Германија. Таму во понеделникот крадците однесоа накит од XVII век со непроценлива вредност. За секоја информација во врска со кражбата во Дрезден распишана е награда од половина милион евра.